Објави|

Градоначалникот на општина Петровец согласно член 99 став 1, член 107 став 13 и член 122 став 4 од Законот  за животна средина („Службен весник на Р.М.“бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15 , 192/2015, 39/16 и 99/18), ја издава следната

 

О Б Ј А В А

на нацрт Б-интегрирана еколошка Дозвола

 

Согласно член 122 став 1 од Законот за животна средина (Службен весник на РМ 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/2015 и 99/18), до Градоначалникот на општина Петровец доставено е барање за издавање на Б-интегрирана еколошка Дозвола бр. 03-1521/3 од 28.10.2019 година.

 

Подносител на барањето:

Друштво за трговија и производство ,,ЕУРОЛИГНИТ ДООЕЛ”, с. Катланово, Петровец

Локација: ул. Катланово, бр.бб, месност Стари Рудник, Катланово, Петровец.

Адреса:

Истражниот простор се наоѓа на левата страна на автопатот Скопје – Велес, во непосредна близина на с. Катланово, на оддалеченост од 2 km во насока на Катлановска Бања, општина Петровец.

– Површина          Р=0,000055 хектари

 

Категорија на инсталацијата:

Вадење на јаглен, со проектиран капацитет 85.000 тони јаглен годишно;

Нацрт Дозволата во печатена форма, ќе биде достапна на заинтересираната јавност во рок од 14 дена по објава во дневниот печат, во просториите на:

Општина Петровец, ул.1 бб с.Петровец

Секој работен ден од 09-13:00 часот.

Контакт телефон: 02/2562239.

 

Ве информираме дека Нацрт Дозволата ќе биде достапна и во електронска форма, на официјалната web страница на Општина Петровец – www.petrovec.gov.mk

 

Со почит,
Општина Петровец

 

Нацрт Б интегрирана еколошка дозволаpdf
Објава на нацрт дозволата во весник Нова Македонијаpdf
Објава на нацрт дозволата во весник Лајмpdf

Comments are closed.

Close Search Window