Вести|

Кочо Рацин или целосно Koста Апостолов Солев Рацин роден е во Велес, 22 декември 1908 – а својот живот го изгубил во Лопушник, на 13 јуни 1943 година каде бил застрелан. Тој се смета за еден од основоположниците на современата македонска книжевност, а неговата стихозбирка „Бели Мугри“ претставува едно од најзначајните дела во современата македонска поезија. На 13.06.2020 година се навршуваат 77 години од неговото убиство.

По тој повод, градоначалникот на Општина Петровец – Борче Митевски заедно со претседателот на Советот на Општина Петровец – Горан Ангеловски и директорката на училиштето „Кочо Рацин“ од Петровец – Виолета Јаневска, денес се поклонија пред бистата на големиот македонски книжевен деец и револуционер Коста Солев Рацин и положија свежо цвеќе. Воедно свежо цвеќе положија и претставници од Сојузот на Борците од Петровец.

Comments are closed.

Close Search Window