Вести|

Општина Петровец покрај инфраструктурните активности превзема и активности околу расчистувањето на дивите депонии. По расчистувањето на дивата депонија во населените места Огњанци и Ржаничино (наспроти фармите), денес се врши расчистување и на дивата депонија во Петровец (кај православните гробишта). Сакаме да посочиме кон важноста за зачувување на животната средина.

Негрижа кон природата е негрижа кон самите себе и кон идните генерации. Затоа АПЕЛИРАМЕ до сите жители на територијата на Општина Петровец , сметот да го сместуваат во соодветните канти и контејнери. Само така јавното комуналното претпријатие ќе може сметот правилно да го депонира, а со самото тоа сите заедно ќе придонесеме за почиста и поубава животна средина.

Comments are closed.

Close Search Window