
Градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски, одржа работна средба со претставници на УНДП, проектантот и претставници на општинската администрација.
На средбата беше разгледан процесот на изработка на проектната документација за изградба на пречистителна станица за отпадни води на територијата на Општина Петровец. Разговорите беа насочени кон тековните активности и потребните чекори за подготовка на проектот.
Изградбата на пречистителна станица претставува значаен чекор во унапредувањето на комуналната инфраструктура и создавањето услови за поефикасно управување со отпадните води, со позитивно влијание врз заштитата на животната средина и квалитетот на животот на жителите.
Општина Петровец продолжува со активностите насочени кон развој и модернизација на комуналната инфраструктура и реализација на проекти од значење за локалната заедница.

