Вести|

Градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски, заедно со претседателот на Советот, Жарко Крстевски, во дворот на општинската зграда ги пречекаа учесниците на овогодинешниот меморијален марш од ПАОК „Ентузијаст“ од Струмица. Маршот се организира во чест на трагично загинатиот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски.

Учесниците, кои доаѓаат од Струмица и околните градови, традиционално секоја година пеш изминуваат повеќе од 200 километри, следејќи ја рутата од Струмица до Скопје, до вечното почивалиште на претседателот Трајковски. Во рамки на ова патување, тие редовно застануваат во Општина Петровец, каде се пречекани од локалната самоуправа.

За време на посетата беше остварен едночасовен разговор, при што беа споделени сеќавања за делото и наследството на претседателот Борис Трајковски. Пред продолжување на маршот кон крајната дестинација, учесниците беа почестени со скромен ручек од страна на градоначалникот.

Ваквите средби претставуваат израз на почит кон ликот и делото на претседателот Трајковски и прераснуваат во традиција која Општина Петровец ќе продолжи да ја негува и во иднина.

Comments are closed.

Close Search Window