Вести|

Денес во официјална посета на Општина Петровец престојуваше амбасадорот на Кралството Шведска, Ола Сулсторм. Тој беше срдечно пречекан од градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски.

Во своето обраќање, градоначалникот Митевски ја истакна важноста од меѓународната соработка и поддршката за локалниот развој, со посебен акцент на образованието и унапредувањето на условите за младите. Беше потенцирано дека Општина Петровец останува посветена на градење партнерства кои носат конкретни придобивки за граѓаните.

На средбата присуствуваа директорката на ОУ „Кочо Рацин“ Петровец, Виолета Јаневска, како и директорот на Обединетата македонска дијаспора, Гордан Јорданов.

Во рамки на посетата беше склучен Меморандум за соработка помеѓу ОУ „Кочо Рацин“ Петровец и Обединетата македонска дијаспора, со цел воспоставување рамка за заедничко делување во насока на унапредување на образованието, психо-социјалната благосостојба и целокупниот развој на учениците. Соработката ќе се реализира преку иновативни, инклузивни и холистички образовни програми.

Посетата претставува значаен чекор кон продлабочување на пријателските односи, зајакнување на партнерствата и отворање нови можности за развој на локалната заедница.

Comments are closed.

Close Search Window