Вести|


Градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски, заедно со директорот на ЈКП, Андрејчо Гроздановски, и кандидатите за советници Жарко Крстевски и Драгана Узелац, извршија увид на градежните активности за асфалтирање на улица во населеното место Огњанци.

Станува збор за улица со должина од 440 метри, која со своето асфалтирање значително ќе придонесе за подобрување на условите за живот и комуникација на локалното население.

Средствата за изградбата на оваа улица се целосно обезбедени од буџетот на Општина Петровец, како дел од континуираната стратегија за унапредување на локалната инфраструктура.

Comments are closed.

Close Search Window