Вести|

Општинското Основното Училиште „Кочо Рацин“ од Петровец денеска го прослави својот патронен празник. Во спортската сала во училиштето „Кочо Рацин“ во Петровец се одржаа бројни културно-уметнички активности поврзани со културата, музиката како и друг вид на забавни изведби.

На оваа свечена манифестација на покана на директорката на ООУ „Кочо Рацин“ од Петровец – Виолета Јаневска, присуствуваа градоначалникот на Општина Петровец – Борче Митевски, пратеничката во Собранието на Република Македонија – Марија Петрушевска, претседателот на Советот на Општина Петровец – Блаже Никчевски, како и големиот број на присутни посетители кои имаа можност одблиску да се запознаат со изведбите на учениците. Пред присутните во салата се обрати и градоначалникот Митевски кој го честита патрониот празник на училиштето „Кочо Рацин“ од Петровец и им посака добра забава и уживање на сите присутни, во музичките изведби на учениците преточени во песни и игри.

Comments are closed.

Close Search Window