Градоначалникот Борче Митевски денес беше во населеното место Сушица, каде направи увид во работите околу изградбата на улицата во ова населено место. Улицата која во моментов се гради ќе биде во должина од 220 метри и истата ќе биде поплочена со павер елементи ( бекатон плочки ). Средствата за изградба на оваа улица се обезбедени од Буџетот на Општина Петровец и истата треба да биде целосно завршена на почетокот на Октомври.
По завршување на оваа улица градежните активности ќе продолжат во населеното место Горно Коњари каде исто така со павер елементи треба да се поплочи една улица. Градежните активности низ населените места на територијата на Општина Петровец ќе продолжат и во наредниот период се додека временските услови тоа го дозволуваат.