По повод јубилејот 50-години од формирањето на Здружението на пензионери Гази Баба – Скопје, градоначалникот на Општина Петровец – Борче Митевски на покана од претседателот на здружението – Ѓорѓе Андонов, присуствуваше на оваа свечена манифестација, каде доби плакета за заложба, поддршка и соработка со ова пензионерско здружение.
На оваа свеченост пред присутните пензионери се обрати градоначалникот Борче Митевски кој им посака многу здравје, меѓусебно дружење и безгрижни пензионерски денови.