Врз основа на член 65 став(6) од Законот за животна средина (Сл. Весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 42/16), Општина Петровец, донесе
Одлука за неспроведување на стратегиска оцена
- За планскиот документ Урбанистички план за село Ржаничино со
разработка на блок 6 и 7, општина Петровец, кој се носи согласно Законот
за просторно и урбанистичко планирање, не е потребно да се спроведе
стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65
од Законот за животна средина. - Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од
спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена се објавува
на веб страната на Општина Петровец, www.petrovec.gov.mk - Согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански
документ има влијание врз животната средина од член 65 став (4) од
Законот за животна средина и врз основа на податоците од Прилог 2 на
Правилникот за формата, содржината и образецот на одлуката за
спроведување, односно неспроведување на стратегиска оцена и
формуларите за потребата од спроведување, односно неспроведување на
стратегиска оцена донесувањето на планскиот документ Урбанистички план
за село Ржаничино со разработка на блок 6 и 7, општина Петровец, нема да
има негативно влијание врз животната средина од следните причини: Цел
на планот е да се создадат услови за планирање на организирани простори
за градба кои ќе бидат реализирани од страна на сопствениците на
земјиштето. Овој план е со опфат од 217,38 ха, додека Блок 6 изнесува
29,07 ха и Блок 7 29,07 ха. Намената во овој опфат е:
А – домување и престој;
Б – деловни и комерцијални намени;
В – јавни дејности и институции;
Г – производство, рударство, енергетика и индустрија;
Д – зеленило, рекреација и меморијални;
Е – инфраструктури. - Против оваа Одлука може да се поднесе жалба до Министерството за
животна средина и просторно планирање во рок
ОПШТИНА ПЕТРОВЕЦ
Градоначалник
Борче Митевски дипл.есс
СЕА формулар |