Известувања|

Врз основа на Законот за урбанистичко планирање (Сл. весник на РСМ бр. 32/20, 111/23 и 171/24) Општина Петровец го донесува следното:

СООПШТЕНИЕ

Општина Петровец ги известува сите правни и физички лица, државната управа, научни и стручни организации од просторот дека го става на јавен увид на јавноста УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ФОРМИРАЊЕ НА ГРАДЕЖНА ПАРЦЕЛА ГП 1. СО НАМЕНА А4.3– СЕМЕЈНИ КУЌИ ЗА ВРЕМЕН ПРЕСТОЈ -ВИКЕНД КУЌИ НА КП 210/11 КО ГРАДМАНЦИ, ОПШТИНА ПЕТРОВЕЦ, со технички бр. 107/22 изработен Друштво за производство, трговија и услуги ПЕОЛЕО ДООЕЛ Скопје. Јавниот увид ќе трае 15 дена односно од 19.09.2024г до 03.10.2024г.

Соопштението за организирање на јавен увид се објвува на веб страната на општина Петровец. За време на јавниот увид, заинтересираните правни и физички лица, државната управа, научни и стручни организации по Урбанистички проект вон опфат на Урбанистички план за формирање на градежна парцела ГП 1. со намена А4.3– семејни куќи за времен престој -викенд куќи на КП 210/11 КО Градманци, Општина Петровец може да достават забелешки и/или предлози во општинската зграда на Општина Петровец кои ќе бидат разгледувани од страна на комисијата за урбанизам.

По овластување од Градоначалник:
Бинаса Кадриќ, дги

ОПШТИНА ПЕТРОВЕЦ
Градоначалник
Борче Митевски дипл.есс

Урбанистички проектpdf

Comments are closed.

Close Search Window