Известувања|

Врз основа на Законот за урбанистичко планирање (Сл. весник на РСМ бр. 32/20) Општина Петровец го донесува следното:

СООПШТЕНИЕ

Се известуваат сите правни и физички лица, државната управа, научни и стручни организации од просторот дека се организира јавен увид Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со класа на намена Г2.7 – Производство на мебел од дрво, метал, пластика на КП 1/18, КО Ржаничино и КП 1259/2, КП 1259/3, КП 1264, КП 1265/1, КП 1265/2, КО Ќојлија, Општина Петровец изработен од планер Друштво за проектирање и одржување на објекти, производство, трговија и услуги РЕСУРС ЛТДИ дооел.

Соопштението за организирање на јавен увид се објвува на веб страната на општина Петровец.

За време на јавниот увид, заинтересираните правни и физички лица, државната управа, научни и стручни организации по Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со класа на намена Г2.7 – Производство на мебел од дрво, метал, пластика на КП 1/18, КО Ржаничино и КП 1259/2, КП 1259/3, КП 1264, КП 1265/1, КП 1265/2, КО Ќојлија, Општина Петровец изработен од планер Друштво за проектирање и одржување на објекти, производство, трговија и услуги РЕСУРС ЛТДИ дооел може да достават забелешки и/или предлози кои ќе бидат разгледувани од страна на комисијата за урбанизам.

Раководител во одд.
Лилјана Величковиќ, диа

ОПШТИНА ПЕТРОВЕЦ
Градоначалник
Борче Митевски

Урбанистички проектpdf

Comments are closed.

Close Search Window