ОПШТИНА ПЕТРОВЕЦ
ОБЈАВА
за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија
по пат на електронско јавно наддавање
во Општина Петровец
ОБЈАВА БР.62
ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Северна Македонија, предвидено со:
- Урбанистички план за село Р’жаничино, Блок 6, Изменување и дополнување плански период 2011-2012, Општина Петровец, Усвоена на Совет на Општина Петровец Одлука бр.07-1494/4 од 12.11.2012 година.
- Локална урбанистичка планска документација за спортско рекреативен центар Д3-спорт и рекреација со компатибилна класа на намена А4,Б1,Б2,Б1,Б4,Б5,В1, со максималeн дозволен % на учество на единечна класа на намена во однос на основната класа на намена во планот 40%, на КП 366/1, КО Долно Коњари, одобрена со решение од Градоначалникот на општина Петровец бр.09-317/16 од 17.08.2021 година.
- Урбанистички проект за стопански и индустриски намени Г2 – лесна преработувачка помалку загадувачка индустрија, во општ акт за село Петровец на КП 172/61, КО Петровец, одобрена со потврда од Градоначалникот на општина Петровец бр.09-321/2 од 08.02.20222 година.
Согласно Табеларен преглед во кој се дадени податоци за градежните парцели, број на катастарските парцели опфатени со градежните парцели, намените, максимална висина на катност, вкупна површина на градежната парцела, процентот на изграденост, коефициентот на искористеност, максимална површина за градење, бруто развиена површина и банкарска гаранција за сериозност на понудата во износ од 100% до 500% од вкупната цена на градежното земјиште.
Објава за отуѓување на градежно земјиште |