Вести|

Традиционално утрово, Бадник започна со песните на децата коледари кои во раните утрински часови одеа од врата на врата пеејки ја коледарската песна.

Како дел од коледарските обичаи, градоначалникот Борче Митевски ги прими бадникарските коледарчиња и по краткото обраќање пред дечињата им посака многу здравје, да бидат среќни и весели и на сите им подели бадникарски подароци, по што поворката со коледарчиња се упати кон црквата Св.Ѓоргија во Петровец пеејки ја песната „Вечниот Бог“.

ЧЕСТИТ БАДНИК!

Comments are closed.

Close Search Window