Врз основа на член 50 од Законот за локална самоуправа (Сл. Весник на РМ бр. 5/02) и член 3 од Уредбата за учество на јавноста во текот на изработката на прописи и акти како и планови и програми од областа на животната средина (Сл. Весник на РМ бр. 147/08 и 45/11), Градоначалникот на општина Петровец го издава следното:
И З В Е С Т У В А Њ Е
За организирање на Јавна расправа по Нацрт-Извештај за стратегиска оцена на влијанието врз животната средина УПВНМ Катланово за намена А4-времено сместување на дел од КП 91/1, КО Катланово, општина Петровец
Се известуваат граѓаните и правните лица на општина Петровец дека Градоначалникот на општина Петровец донесе Одлука за организирање на јавна расправа по Нацрт-Извештај за стратегиска оцена на влијанието врз животната средина по УПВНМ Катланово за намена А4-времено сместување на дел од КП 91/1, КО Катланово, општина Петровец.
Јавната расправа по Нацрт-Извештај за стратегиска оцена на влијанието врз животната средина по УПВНМ Катланово за намена А4-времено сместување на дел од КП 91/1, КО Катланово, општина Петровец ќе биде ставен на увид на веб страната на општина Петровец www.petrovec.gov.mk во период од 30 дена од во период од 16.05.2022 година до 16.06. 2022 година, а може во тој период да се направи увид и во просториите на општина Петровец, на ул. 1 бб, секој работен ден од 08.00 до 16.00 часот.
Јавната расправа со стручно презентирање по Извештајот за стратегиска оцена на животна средина ќе се одржи во просториите на општина Петровец, на ден 20.05.2022 година со почеток во 12.00 часот. Општина Петровец ги информира заинтересираните граѓани и правни лица дека во периодот од 16.05.2022 година до 16.06.2022 година можат да достават забелешки, предлози и мислења за споменатиот документ по електронски пат на маил адреса opstinapetrovec@yahoo.com, по пошта или преку архивата на општина Петровец.
ОПШТИНА ПЕТРОВЕЦ
Градоначалник
Борче Митевски