ОПШТИНА ПЕТРОВЕЦ
ОБЈАВА
за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија
по пат на електронско јавно наддавање
во Општина Петровец
ОБЈАВА БР.61
ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Северна Македонија, предвидено со:
1. Урбанистички план за вон населено место Ќојлија за мултифункционална зона 2, тех.бр.0801-03-01/17, Општина Петровец, плански период 2017-2027 година, Усвоена на Совет на Општина Петровец на 30.12.2019 година, Одлука бр.07-2319/11 од 14.01.2020 година и објавена во Службен Гласник на Општина Петровец бр.35 од 2020 година.
2. Урбанистички план за село Р’жаничино, Блок 6, Изменување и дополнување плански период 2011-2012, Општина Петровец, Усвоена на Совет на Општина Петровец Одлука бр.07-1494/4 од 12.11.2012 година и објавена во Службен Гласник на Општина Петровец бр.45 од 2012 година.
Согласно Табеларен преглед во кој се дадени податоци за градежните парцели, број на катастарските парцели опфатени со градежните парцели, намените, максимална висина на катност, вкупна површина на градежната парцела, процентот на изграденост, коефициентот на искористеност, максимална површина за градење, бруто развиена површина и банкарска гаранција за сериозност на понудата во износ од 100% до 500% од вкупната цена на градежното земјиште.
Објава за отуѓување на градежно земјиште |