Вести|

Градоначалникот Борче Митевски денес беше во населено место Огњанци, каде одблиску сакаше да се запознае со текот на работите на улица „4“ . Тој со претседателот на Советот на Општина Петровец – Горан Ангеловски и председателот на М.З. Огњанци – Трајче Каровски направија кратка обиколка, каде се сретнаа со дел од жителите на ова населено место и ги слушнаа нивните предлози и сугестии во врска со изградбата на новата улица.

Станува збор за улица која треба да се поплочи со павер елементи и истата треба да е во должина од 160 метри и ширина од 4,5 метри. Изработката на улицата треба да трае околу дваесетина дена и некаде кон средината на месец Јуни, истата треба да биде пуштена во употреба. Средствата за овој проект во целост се обезбедени од Буџетот на Општина Петровец.

Comments are closed.

Close Search Window