Вести|

Во населено место Катланово, во тек е изградба на просторија за потребите на пензионерите од ова населено место, каде тие секојдневно би можеле да се состануват и каде со меѓусебна дружба би ги поминувале своите пензионерски денови.


По тој повод, градоначалникот Борче Митевски денес беше во Катланово и направи увид во работата околу изградбата на просторијата. Просторијата би требало да биде завршена до крајот на месец Април. Финансиските средства за изградба на овој објект во целост се обезбедени од Буџетот на Општина Петровец.
Градежните активности за изградба на вакви и слични објекти како за пензионетите така и за најмладите жители на Општина Петровец ќе продолжат и во периодот кој следи.

Comments are closed.

Close Search Window