Вести|

Денес 12.01.2023 година, во Катлановско Блаце се одбележаа 15 години од хеликоптерската несреќа во која трагично загинаа единаесет припадници од составот на воздухопловниот Винг. Армискиот хеликоптер Ми-17 враќајќи се од мировната мисија АЛТЕА се урна на 12 јануари 2008 година кај Катлановско Блаце.

На одбележувањето на хеликоптерската несреќа на спомен обележјето во Катлановско Блаце, свежо цвеќе положија градоначалникот на Општина Петровец – Борче Митевски во присуство на пратеничката во собранието на Република Македонија – Марија Петрушевска и директорката на ООУ „Кочо Рацин“ од Петровец – Виолета Јаневска, делегации од Генералштабот од Министерството за одбрана како и членовите на семејствата на загинатите припадници.

Во несреќата немаше преживеани припадници на воздугопловниот ВИНГ. Загинаа потполковник Тони Спасовски, водник Александар Васиќ, водник Александар Тасковски, заставник Тони Давитковски, постар водник Јанко Шириќ, мајор Горан Ристовски, десетар Златко Вељановски, капетан Бране Спасовски, водник Мики Ивановски, заставник Славчо Василев и капетан Игор Ѓоревски.

Comments are closed.

Close Search Window