Вести|

Денес, градоначалникот Борче Митевски, техничкиот заменик министер за земјоделие на Република Македонија – Цветан Трипуновски и кандидатката од ВМРО ДПМНЕ за пратеник во Собранието на Р.М. Марија Петрушевска, одблизу сакаа да се информираат и да направат увид за сработеното околу пешачката патека во населено место Ржаничино.
Патеката е поплочена со павер елементи (бекатон плочки) и истата е со должина од 430 метри а ширина од 1,4 метри. Финансиските сретства за овој проект се обезбедени од Буџетот на Општина Петровец и изнесуваат 1.300.000,00 денари.

Општина Петровец и во наредниот период ќе продолжи со активности за подобрување на инфраструктурата низ целата територија на општината, а се со цел да им излезе во пресрет на барањата на жителите од сите населени места.

Comments are closed.

Close Search Window