Денес ,се изврши дезинфекција и на преостанатиот дел на јавните објекти кои се на територијата на Општина Петровец поради пандемијата со Коронавирус КОВИД – 19 се со цел спречување на ширењето на овој опасен вирус.
Општина Петровец во соработка со стручна екипа од ЦЕНТАРОТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ – СКОПЈЕ, изврши дезинфекција на Детската градинка ,,АВИОНЧЕ,, во Петровец,на Полициското Одделение – Петровец како и во трите здравствени установи кои се наоѓаат во населеното место Петровец.