Вести|

Денес, во населеното место Огњанци, градоначалникот Борче Митевски изврши увид во сработеното околу санацијата на објектот на Месна Заедница Огњанци. На увидот присуствуваа и претседателот на Советот на Општина Петровец – Горан Ангеловски, како и претседателот на МЗ Огњанци – Трајче Каровски. Дел од прозорците се заменети со ПВЦ прозорци , поставена е нова електрична инсталација, водоводна и одводна канализација. Поставен е клима уред како и маси и столови. Дворното место е поплочено со павер елементи (бекатон плочки) на површина од 200 м2 и истото е заградено со метална ограда.

При санацијата на објектот освен претседателот на пензионерите на Огњанци – Трајковиќ Живорад, учество земале и Цветковски Трајан, Давковски Ѓорѓија како и многу други пензионери од месното население. Средствата за санација на објектот во целост се обезбедени од Буџетот на Општина Петровец.

Comments are closed.

Close Search Window
Големина на фонт