Вести|

Денес, градоначалникот Борче Митевски беше во Бошњачка Населба во Петровец, за одблиску да се запознае со градежните активности околу поставувањето на канализационата мрежа. Тука тој оствари средба со дел од жителите на оваа населба како и со советникот во Советот на Општина Петровец – Шеќо Личина, каде се запозна со некои од проблемите кои ги мачат, а се поврзани со инфраструктурата.

Канализационата мрежа која треба да се постави во оваа населба е во должина од околу 400 метри и истата треба да биде поставена до крајот на месец Јануари 2021 година, секако доколку временските услови го дозволат тоа. Средствата за овој проект во целост се обезбедени од Буџетот на Општина Петровец.

Comments are closed.

Close Search Window
Големина на фонт