Вести|

Градоначалникот на Општина Петровец – Борче Митевски и амбасадорот на Република Словачка – Хенрик Маркуш, денеска во населеното место Петровец го означија почетокот на проектот за делење на 3.000 заштитни маски, кои за граѓаните на Општина Петровец ги донираше Словачката амбасада. Волонтери и дел од вработените во општинската администрација денес беа поставени на неколку пунктови.

Тие ќе ротираат низ останатите населени места и на слободните минувачи ќе делат заштитни маски, се со цел заеднички колективно да се грижиме за нашето здравје и успешно да се справиме со пандемијата на коронавирусот КОВИД – 19.
Проектот „ДА СЕ ЗАШТИТИМЕ ОД КОВИД – 19“ Општина Петровец го организираше заедно со здружението „ДОБРЕДОЈДЕ“ Macedonia Welcome Centre.

Comments are closed.

Close Search Window
Големина на фонт