Вести|

По повод иницијативата за Еколошка општина ,,ЗА ЧИСТА И ЗЕЛЕНА ОПШТИНА ПЕТРОВЕЦ“, во Катлановска Бања се одржа акцијата за чистење на сметот од Катлановска Бања до населеното место Катланово како и во населеното место Средно Коњари.

На оваа манифестација организирана од здружението ,,Добредојде“ Macedonia Welcome Centre, со поддршка од Амбасадата на Република Словачка и Општина Петровец , присуствуваа градоначалникот Борче Митевски, амбасадорот на Република Словачка – Хенрик Маркуш, Пратеничката од ВМРО ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија – Марија Петрушевска, голем број на граѓани, ученици, претставници од Армијата на Република Македонија, извидничкото друштво ,,ЈАДРАН“, администрацијата од Општина Петровец, администрацијата од О.О.У. ,,Кочо Рацин“ – Петровец и О.О.У. ,,Братство-Единство“ – Средно Коњари, претставници од Советот на Општина Петровец како и многу други лица кои едноставно сакаа да помогнат во расчистувањето на овој дел од општината. Се чистеше сметот околу парк-шумата, покрај патот и покрај реката Пчиња. во правец кон Катланово и Градманци. Се собраа големи количини смет направен од малкуте несовесни граѓани. Со оваа акција сакаме да испратиме порака до сите жители на територијата на Општина Петровец и пошироко, сите заедно да дадеме свој придонес околу зачувувањето на здравата и чиста животна средина. Општина Петровец секогаш ги поддржувала и учествувала во вакви и слични акции се со цел од општината да направиме чисто ,убаво и пријатно место за живеење.

Comments are closed.

Close Search Window
Големина на фонт