Вести|

Денес, Градоначалникот Борче Митевски заедно со Претседателот на Совет на Општина Петровец – Горан Ангеловски, Советникот Бобан Блажевски како и г-дин Цветан Трипуновски, свечено со сечење на лента пуштија во употреба улица во населеното место Сушица. Улицата е со должина од 230 метри и истата е поплочена со павер елементи (бекатон плочки).

Средствата во целост се обезбедени од Буџетот на Општина Петровец. Исто така, од денес Општина Петровец започна со изградба на нова улица во населеното место Горно Коњари која ќе биде поплочена со павер елементи. Ваквите градежни активности на општината ќе продолжат и во наредниот период се додека временските услови го дозволуваат тоа.

Comments are closed.

Close Search Window
Големина на фонт