Ве информираме дека Министерството за социјална политика, демографија и млади ќе финансира воспоставување на социјалната услуга за помош и нега во домот. За таа цел, Општина Петровец објавува нацрт-документ: Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални прашања. Документот го опишува влијанието врз животната средина и социјалните аспекти при реализација на градежните активности.
Заинтересираните граѓани можат да достават евентуални коментари во наредните 14 дена, користејќи го приложениот ОБРАЗЕЦ или со испраќање порака на следните е-пошти:
- zdravkovska.marija@petrovec.gov.mk (одговорно лице од Општина Петровец)
- zoran.apostoloski@mtsp.gov.mk (одговорно лице од Единица за управување со проектот).
| Образец | |
| Контролна листа |
