Вести|

По повод претстојните новогодишни празници градоначалникот Борче Митевски, заедно со Пратеничката во Собранието на Република Македонија – Марија Петрушевска и сопственичката на фирмата ЏАН-ВИКИ од Петровец – Виолета Младеновска, поделија новогодишни пакетчиња на сите дечиња до трето одделение кои посетуваат физичка настава во сите училишта на територијата на Општина Петровец.

Беа поделени 550 пакетчиња од кои покрај Општина Петровец новогодишни пакетчиња донираше и фирмата ЏАН-ВИКИ од Петровец. Во делењето на пакетчињата учестуваа и директорите на училиштата, претседателот и советниците од Совеот на Општина Петровец. Овој предновогодишен гест со радост беше дочекан од дечињата кои со широки насмевки ги примија новогодишните пакетчиња.

Comments are closed.

Close Search Window
Големина на фонт