Вести|

Реконструкција на регионалниот пат Р-1102 на делот кој поминува низ населено место Ржаничино е во завршна фаза и истиот денеска треба да биде завршен. Градоначалникот на Општина Петровец Борче Митевски, заедно со пратеничката во Собранието на Република Македонија Марија Петрушевска и директорот на ЈПДП Коце Трајановски, дојдоа на лице место за одблиску да се запознаат со текот на асфалтирањето.


По завршетокот на овој дел од патот Р-1102 се очекува уште утре да започнат со асфалтирање и на делот од патот кој води од излезот на Петровец па се до Кадински пат.

Comments are closed.

Close Search Window