
Градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски, заедно со пратеничката во Собранието на Република Македонија, Марија Петрушевска, извршија увид во текот на градежните работи за поставување на нова канализациона мрежа во населеното место Петровец, во должина од 250 метри.
Овој проект претставува дел од континуираните активности на Општината за унапредување на комуналната инфраструктура и обезбедување подобри санитарни услови за жителите.
Средствата за реализација на проектот се целосно обезбедени од Буџетот на Општина Петровец, што ја потврдува посветеноста на локалната самоуправа кон подобрување на животниот стандард и квалитетот на живот во населените места.