
Денес, Градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски, заедно со Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, и Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, извршија увид во тековните градежни активности на неколку локации во општината.
Прво, беше посетена Спортската сала при ООУ „Кочо Рацин“ во населеното место Огњанци. По извршениот разговор со фирмата изведувач, беше потврдено дека работите се одвиваат според планираната динамика и дека објектот ќе биде ставен во употреба до 1 септември.
Во рамките на увидот, беа посетени и две дополнителни локации:
- Новата населба „Блок 6“ во населеното место Р’жаничино, каде се градат три улици со вкупна должина од 600 метри, со целосна инфраструктура.
- Локалната улица која води до населеното место Градманци, со должина од 2.400 метри, која е во завршна фаза на изградба. Проектот се реализира со средства обезбедени преку Унгарскиот кредит.
Општина Петровец ќе продолжи да инвестира во проекти од значење за локалната заедница, со цел унапредување на квалитетот на живот и создавање подобри услови за сите граѓани.





