
Градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски, на покана на месното население на Сушица, заедно со директорот на ЈКП, Андрејчо Гроздановски, беа во посета на населеното место. Повод за посетата и топлиот пречек беше трајното решавање на проблемот со водоснабдувањето во Сушица.
Од страна на жителите, на градоначалникот Митевски му беше доделена благодарница за неговото несебично залагање и успешно решавање на долгогодишниот проблем со водоснабдување во селото.
Во своето обраќање, градоначалникот Митевски истакна дека Општина Петровец ќе продолжи да инвестира во подобрување на условите за живот во Сушица и во иднина, со цел обезбедување на квалитетни услуги и стабилна инфраструктура за граѓаните.