Со традиционална коледарска песна низ улиците на Петровец и Ржаничино денеска се одржа празнична Бадникова литија, посветена на големиот православен празник Христовото раѓање – Божиќ. Коледарската поворка на повеќе од 100 коледарчиња започна од црквата Свети Ѓоргија во Петровец, а заврши во црквата Света Троица во Ржаничино.
![](https://petrovec.gov.mk/wp-content/uploads/2025/01/472684874_4049661315303728_5314217143430578372_n-1024x683.jpg)
Попатно коледарчињата ги прими градоначалникот на Општина Петровец Борче Митевски, каде присутен беше и претседателот на Совет на Општина Петровец Блаже Никчевски и советникот Златко Ацевски, како и дел од општинската администрација. Тие на сите учесници во коледарската поворка им поделија коледарски дарови. Градоначалникот Митевски се обрати пред присутните коледарчиња, им ги честита Божиќните празници и им порача оваа коледарска традиција да продолжи и во иднина, да ја негуваат и пренесат на наредните генерации. Божиќната поворка заврши во црквата Света Троица во Ржаничино каде сите коледарчиња беа почестени со топол чај и доручек.
![](https://petrovec.gov.mk/wp-content/uploads/2025/01/471700179_4049661601970366_8194059658265174566_n-1024x683.jpg)
![](https://petrovec.gov.mk/wp-content/uploads/2025/01/472787211_4049662015303658_5709609646308020719_n-1024x683.jpg)
![](https://petrovec.gov.mk/wp-content/uploads/2025/01/472524741_4049661768637016_8207155145946181679_n-1024x683.jpg)
![](https://petrovec.gov.mk/wp-content/uploads/2025/01/471789416_4049662465303613_4597640210936901631_n-1024x683.jpg)