Вести|

Почитувани мои сограѓани,

Не делат часови од заминување на 2024 година, година во која јас како градоначалник на Општина Петровец, заедно со Советот на Општина Петровец и општинската администрација како и нашите соработници, но и Вие мои сограѓани, успеавме да ги реализираме најголем број од предвидените проекти.

Со самата реализација на проектите кои се од особено значење за жителите на Општина Петровец успеавме во сите населени места да ги подобриме условите за живот во сите свери на општеството, како што се инфраструктурата, образованието, спортот и културата.

Ќе продолжиме напорно и посветено да работиме и во годината која доаѓа, за Општина Петровец да ја направиме пристојно место за живеење.


Во новата 2025 година Ви посакувам да имате пред се многу здравје, бидете среќни и исполнети со љубов и неизмерна радост и уживајте во претстојните новогодишни моменти со своите најблиски и пријателите.


СРЕЌНА НОВА 2025 ГОДИНА

Comments are closed.

Close Search Window