Вести|

Градоначалникот Борче Митевски денес беше во Мултифункционалната зона Ќојлија заедно со председателот на Советот на Општина Петровец – Блаже Никчевски и советникот Златко Ацевски, каде остварија средба со инвеститорите од оваа зона. Градбите на индустриски објекти во Мултифункционалната зоната продолжува, а доказ за тоа е и фирмата ДПТУ ПРОСПЕРА ДОО која започна со изградба на два објекти со вкупна површина од 6.000 м2 кои ќе служат за произвотство на внатрешни врати.

Објектите треба да бидат завршени и ставени во функција за неполни 18 месеци, кеде се очекува да бидат вработени 50-тина лица со соодветна квалификација. Вложувањата и инвестирањето во Општина Петровец продолжуваат во нагорна линија, поради поволните услови кои ги нуди општината.

Comments are closed.

Close Search Window