Градоначалникот на Општина Петровец – Борче Митевски оствари средба со директорот на Управата за животна средина – Игор Никоски и со вработени од управата каде се донесе заклучок, закочениот проект за мини-индустриската зона Ржаничино – Катланово да добие позитивно мислење.
Овој проект изминатите години беше закочен од предходната влада и истиот неможеше да се реализира. Согласно позитивните законски прописи од аспект на заштита на природата, после долго време се одблокира процес кој води до донесување на УПВНМ Ржаничино, Општина Петровец за изградба на објекти со намена Г2, Г3 и Г4. Со тоа се даде можност на локацијата покрај регионалниот пат 1102, делница Ржаничино-Катланово, за изградба на зона која ќе придонесе за економски развој на оваа општина, без нарушување на природните вредности.
Идните инсталации ќе бидат изградени и ќе функционираат според сите еколошки стандарди. Управата за животна средина секогаш ќе се грижи за заштита на природата во баланс со социоекономскиот развој на државата