Вести|

Вечерва во Хотел Мирор во Петровец, на покана на вицешампионот во бокс на поранешна Југославија – Борче Митевски а воедно и актуелен градоначалник на Општина Петровец, присуствуваа Југословенските боксерски легенди освојувачи на светски и олимписки медали. Митевски како вицешампион на поранешна Југославија оствари средба со нив и им додели плакети за дадениот придонес за развојот на боксот како на балканските простори, така и во Македонија.

На средбата присуствуваа Тадија Качар, Антон Јосиповиќ, Драган Вујковиќ, Мирко Пузовиќ, Велимир Јевтиќ, Фазлија Шакировиќ, Небојша Вуковиќ, Реџеп Реџеповски и Аце Русевски.

Воедно од Боксерскиот сојуз на Србија и Боксерскиот Клуб „КУМАНОВО 84“ на Борче Митевски му доделија плакета и признание за особен придонес во развојот и промоцијата на боксерскиот спорт како во Македонија исто така и во Србија.

Comments are closed.

Close Search Window