
Денес, градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски, оствари работен состанок посветен на заштитата и управувањето со Катлановскиот предел, кој е прогласен за споменик на природата од трета категорија.
Состанокот е во рамки на реализацијата на проектот „Планови за управување за заштитено подрачје – Споменик на природа Куклица и Споменик на природа Катлановскиот предел / Долна Пчиња“. Проектот започна на 17.10.2025 година и ќе трае до 17.04.2026 година.
Проектот е организиран од координаторите проф. др. Соња Лепиткова, проф. др. Ѓорѓи Димов, проф. др. Славчо Христовски и проф. др. Ивица Милевски од Факултетот за природни и технички науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.
Финансирањето е обезбедено од Министерството за животна средина и просторно планирање, под надлежност на Секторот за природа при Управата за животна средина. Раководител на секторот е м-р Влатко Трпески, заменик раководител м-р Сашо Јорданов, а координатор на проектот од страна на Министерството е Владо Атанасовски.
Преку ваквите активности, Општина Петровец активно придонесува кон заштита на природното наследство и одржливо управување со заштитените подрачја од значење за локалната и пошироката заедница.

