Вести|


Градоначалникот Борче Митевски заедно со премиерот на Република Македонија г-дин Христијан Мицкоски кој беше во придужба на владина делегација, како и неколку пратеници од Собранието на Република Македонија извршија увид во градежните активности на пристапниот пат за село Градманци. Патот е во должина од 2.400 метри, а средствата во висина од 12.200.000 денари за изградбата на овој локален пат во целост се обезбедени од Владата на Република Македонија преку унгарскиот кредит. Очекуваме изградбата на овој локален пат да биде завршена за еден месец.

Во тек е и реализација на уште еден проект со подршка од Владата на Република Македонија, а тоа е изградба на детска градинка во н.м. Петровец со капацитет од 70 дечиња, со што долгорочно го решаваме проблемот со упис на деца во градинките во нашата општина. Очекуваме градинката да биде целосно изградена и ставена во функција до крајот на месец Мај.

Општина Петровец е спремна со готови проекти за аплицирање по повикот што ќе го објави нашата влада во Февруари, со цел што побрзо да ги реализираме тие проекти и да ги подобриме условите за живот во нашата општина.

Comments are closed.

Close Search Window