
Генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт, и заменик генералниот директор, Перо Лупевски, остварија работен состанок во Општина Петровец со градоначалникот Борче Митевски. Состанокот беше насочен кон разгледување и унапредување на сообраќајниот режим за тешките товарни возила, како и кон воспоставување ред во функционирањето на такси службата.
Во рамки на средбата беа анализирани постојните состојби и предизвици, при што беа дефинирани конкретни решенија во насока на поефикасно управување со сообраќајот на теретните возила и подобрување на организацијата и контролата на такси услугите.
Со оваа соработка, Општина Петровец продолжува со преземање мерки за унапредување на сообраќајната безбедност, подобра организација на јавните услуги и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.

