Вести|

Градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски, денес во населеното место Огњанци со свечено сечење на лента ја пушти во употреба новата кланица за живина, лоцирана на фармата во сопственост на Тони Димовски.

На фармата се произведуваат свежи пилиња под брендот „Домашно пиле“, кои претставуваат значаен придонес за развојот на локалното производство и прехранбената индустрија. На свеченоста присуствуваа бројни гости, а пред присутните свое обраќање имаше градоначалникот Митевски, кој беше поздравен со громогласен аплауз.

Во своето излагање беше истакнато дека Општина Петровец со години се покажува како поволна средина за развој на бизниси, пред сè поради условите и поддршката што ги нуди кон инвеститорите. Локалната самоуправа континуирано излегува во пресрет на сите кои сакаат да инвестираат и да отвораат нови капацитети на територијата на општината.

Со ваквите инвестиции се поттикнува локалниот економски развој, се отвораат нови работни места и се зајакнува стопанството во Општина Петровец.

Comments are closed.

Close Search Window