
Денес беше одржана официјалната промоција на „Платформата за следење на проекти“ на Владата на Република Македонија, која беше претставена од премиерот Христијан Мицкоски. На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски.
Платформата овозможува секој граѓанин на едноставен и транспарентен начин да ја следи реализацијата на инфраструктурните проекти во општините, кои се спроведуваат со средства обезбедени од Владата на Република Македонија.
Со воспоставувањето на оваа дигитална алатка се унапредува транспарентноста и се зајакнува отчетноста кон граѓаните, овозможувајќи точна и навремена информација за секој вложен денар од јавниот буџет.
Општина Петровец останува посветена на имплементација на проекти кои носат трајни и видливи промени, како и на воведување современи стандарди и модерен пристап во управувањето со јавните ресурси.

