Вести|

Градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски, заедно со претседателот на Советот, Жарко Крстевски, извршија обиколка на критичните сообраќајни точки со цел нивно целосно решавање и создавање услови за максимална безбедност на пешаците, со посебен акцент на децата кои секојдневно се движат кон училиштата.

Во таа насока, беа преземени повеќе конкретни мерки. Поставени се неколку легнати полицајци на патниот правец Петровец – Ржаничино, на клучни локации пред ООУ „Кочо Рацин“ во Петровец и пред детската градинка „Авионче“, кои претставуваат најфреквентни точки со интензивно движење на пешаци и возила.

Дополнително, поставена е заштитна ограда кај влезот на училишниот двор, обележани се пешачки премини и поставени се сообраќајни знаци за предупредување и ограничување на брзината на движење на возилата низ населените места.

Во наредниот период е планирано поставување и на светлосна сообраќајна сигнализација на потегот од влезот на Петровец до излезот на Ржаничино. Со овие активности, Општина Петровец континуирано работи на унапредување на сообраќајната безбедност, особено на безбедноста на децата и пешаците.

Comments are closed.

Close Search Window