
Градоначалникот на Општина Петровец – Борче Митевски заедно со претседателот на Советот на Општина Петровец Блаже Никчевски, во дворот на општинската зграда ги пречекаа учесниците на овогодинешниот меморијален марш од ПАОК Ентузијаст од Струмица, кои учествуваат во маршот во чест на трагично загинатиот претседател на Република Македонија Борис Трајковски. Тие од Струмица и околните градови секоја година од смтта на претседателот, пеш изминуваат повеќе од 200 километри.
Поминувајки ја маршутата од Струмица до Скопје до вечното почивалиште на трагично загинатиот претседател на Република Македонија Борис Трајковски, години наназад застануваат во Општина Петровец каде топло се примени од градоначалникот Митевски,претставници од Советот на општината и општинската администрација, каде во едночасовен разговор разменија сеќавања за делата на загигинатиот претседател. Потоа пред да го продолжат патот до крајната дестинација а тоа е гробот на претседателот Борис Трајковки, од страна на градоначалникот беа почестени со скромен ручек.