Градоначалникот на Општина Петровец Борче Митевски ги потпиша договорите за користење на финансиски средства со владините министерства како учесник на јавниот повик, како општина која ги исполни условите за добивање на средства од проектот. Овие пари, ќе бидат наменети за капитални инвестиции што ќе значи обезбедување поквалитетен живот за граѓаните.
Општина Петровец ќе добие средства за два капитални проекти, кои наскоро ќе станат реалност.
– Едниот проектот е за доградба на Детската градинка „АВИОНЧЕ“ која се наоѓа во училишниот двор на О.О.У. „Кочо Рацин“ во Петровец.
– Вториот проект е за асфалтирање на локален пат од Катланово до село Градманци во должина од 2,5 km.
Огромна благодарност до Премиерот Христијан Мицкоски и Владата на Република Македонија за помошта која како општина ја добивме со цел подобрување на условите за живот на жителите во општината.