Вести|

Денес во населено место Петровец се постави камен-темелник на комплексот „Mirror Living“ од три станбени згради. По покана од сопствениците на овој иден комплекс присуствуваше и градоначалникот на Општина Петровец – Борче Митевски, заедно со претседателот на Совет на Општина Петровец – Блаже Никчевски, дел од советниците од Советот на Општина Петровец, како и претставници на јавните институции.

На овој свечен чин пред присутните гости се обрати градоначалникот Митевски кој на сопствениците им посака успешен почеток со градбата на овој комплекс, што побрзо завршување на истиот и пуштање во употреба.

Станува збор за комплекс кој ги следи најновите светски трендови.

Comments are closed.

Close Search Window