
Градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски, заедно со пратеничката во Собранието на Република Македонија, Марија Петрушевска, денес го посетија новоизграденото игралиште во населеното место Ќојлија.
Новото игралиште претставува значајна инвестиција во подобрување на квалитетот на живот на младите и децата во ова населено место, создавајќи безбедно и современо место за спорт, рекреација и дружење.
Градоначалникот и пратеничката беа топло пречекани од жителите на Ќојлија, кои ја изразија својата благодарност за реализираниот проект што придонесува кон подобрување на локалната инфраструктура и општествениот живот.
Општина Петровец продолжува со инвестиции во јавната инфраструктура и создавање на нови содржини во сите населени места на својата територија.