Вести|

Градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски, заедно со директорката на ООУ „Кочо Рацин“, Виолета Јаневска, ја остварија својата прва официјална посета на Домот за стари лица „Феникс Хоум“.

Целта на посетата беше изразување почит и внимание кон корисниците, како и воспоставување соработка во иднина. Ваквиот чин претставува потврда за посветеноста на Општина Петровец во унапредување на социјалната грижа и поддршка на највозрасните сограѓани.

Овие средби се значаен потсетник за важноста на меѓугенерациската солидарност и хуманоста, како темели на здрава и обединета заедница.

Comments are closed.

Close Search Window