По повод претстојните православни христијански празници Бадник и Божиќ, Општина Петровец и Тинекс поделија 220 хуманитарни пакети на социјално најранливата категорија на лица. Опшина Петровец подели 70 пакети со прехранбени продукти додека фирмата Тинекс донираше 150 Божиќни пакетчиња.
Традиционално, десетина години наназад, градоначалникот Борче Митевски и Општина Петровец спроведуваат вакви и слични хуманитарни акции, се со една цел, да се помогне на оваа категорија на лица, претстојните празници да ги поминат достојно во кругот на семејствата.